Оваа публикација има за цел да им овозможи на граѓаните информации, односно одговори на нивните најчесто поставувани прашања во врска со најчесто користените јавни услуги, според неколку животни настани. Публикацијата, исто така, треба да послужи и, на пример, за дел од податоците кои секој граѓанин ќе може да ги види на интернет, на едно место, за сите услуги, благодарение на Каталогот на јавни услуги. Имајќи го предвид огромниот број на закони кои ги регулираат јавните услуги и нивната испорака, дури и за правниците, а особено за граѓаните е тешко да бидат целосно запознаени со тоа кои органи се надлежни за која услуга, условите кои треба да ги исполнат, односно доказите кои се потребни за да се добие определена јавна услуга, кој е механизмот на правна заштита во случај на незаконско постапување на јавните органи, дали и колкави административни такси и други надоместоци треба да платат за да остварат определена услуга и други релевантни податоци во врска со услугите. Ваквите податоци ќе бидат дел од Каталогот на јавни услуги.