Управно-правна заштита на граѓаните и вработените во јавна администрација | ЦУП
Сподели

Управно-правна заштита на граѓаните и вработените во јавна администрација

Автор:

година: 2017

Во ова истражување даден е приказ на разните облици на правна заштита кои им стојат на располагање на граѓаните и на правните лица во Република Македонија, постапките низ кои таа се остварува, правните средства преку кои се остварува и надлежните институции пред кои се остварува. Со цел да го запознаеме читателот како да разликува управна постапка од другите облици на правна заштита, во овој извештај даден е преглед на сите облици на правна заштита како и постапките преку кои таа се остварува и соодветните институции. Даден е преглед на работата на државните комисии кои одлучуваат во втор степен во посебни управни постапки, како и на работата на Управниот суд и на Вишиот управен суд. Целта на истражувањето е да се согледа состојбата на системот за управно-правна заштита во Република Македонија, поединечно, на ниво на институција, и во целост, како единствен систем. Идејата е да се согледаат трендовите во однос на она за што граѓаните најмногу се жалат, како и делот на тужби односно покренати управни спорови во кои бараат соодветна правна заштита. Крајната цел е да се утврдат позитивните страни на системот на управно-правна заштита, неговата брзина и ефикасноста, но и проблемите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, како и самите институции во делот на обезбедувањето на управно-правната заштита и нејзиното спроведување во практика. Во оваа публикација понуден е преглед на воочените проблеми и предизвиците со кои се соочуваат самите институции преку кои се остварува управната заштита на правата на граѓаните и правните лица и дадени се препораки за нивно надминување: мериторно одлучување, јакнење на капацитетот на управните судови да го следат извршувањето на пресудите, усогласување на начинот на водење евиденција на работата помеѓу сите второстепени органи и управните судови.

Преземи Погледни

Слични публикации

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk