Ставови и перцепции за јавната администрација | ЦУП
Сподели

Ставови и перцепции за јавната администрација

Автор:

година: 2017

 Центарот за управување со промени (ЦУП) го истражуваше мислењето на граѓаните во однос на државната и јавната администрација, односно (1) колку администрацијата е професионална и ослободена од влијанијата на политичките партии?; и (2) каков е квалитетот на услугите што граѓаните ги добиваат од администрацијата како еден од индикаторите за нејзината ефикасност? Перцепциите и ставовите на граѓаните во овој сегмент се значаен индикатор за тоа како пошироката јавност ја восприма и доживува администрацијата и кои треба да бидат насоките за унапредување на состојбите во оваа сфера. Истражувачкиот извештај дава осврт на политичките и општествените случувања во Република Македонија во однос на вработувањата кои го обележаа периодот од добивањето кандидатски статус на земјата за влез во ЕУ (2006 година), до денес. Првиот дел од извештајот се однесува на анализа на перцепциите и ставовите на меѓународната заедница изразени низ извештаите за напредокот на земјата. Овој дел од анализата се задржува единствено на оние аспекти кои говорат за вработувањето во јавниот сектор. Вториот дел од извештајот го опфаќа теренското истражување, односно испитувањето на перцепциите на граѓаните на Република Македонија за влијанието на политичките партии врз вработувањето во јавната администрација како и задоволството од квалитетот на услугите како еден од клучните индикатори за ефикасна и ефективна јавна администрација. 

Преземи Погледни

Слични публикации

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk