Предмет на истражување и анализа во овој извештај се именуваните и избраните лица во Република Македонија, како и институциите во кои тие се избираат. Во препознаените 1.334 институции, во овој извештај, соодветно на статусот и видот на институцијата, прикажани се видот и начинот на избор на сите места кои се пополнуваат по пат на избирање или именување односно назначување, од претседателот на државата до членовите на училишните одбори во основните училишта. Во продолжение ќе бидат прикажани различните институционални облици во кои се органите на управување се пополнуваат по пат на избори или именување во Република Македонија. Предмет на овој извештај ќе бидат и трговските друштва и акционерските друштва чиј основач и единствен сопственик е државата, односно Владата на Република Македонија, како и акционерските друштва во кои Владата на Република Македонија има акции.