Целта на овој бриф за политиките е да даде препораки до креаторите на политики да спроведат соодветни мерки и стратегии за поттикнување на домашните мали и средни претпријатија (МСП) да ја зголемат нивната конкурентност и да влезат во синџирот на снабдување на мултинационалните компании (МНК) земјата. Креаторите на политики мора да ја подобрат севкупната економска средина и да обезбедат здрава деловна клима за претпријатијата во земјата. Овој краток извештај дополнително дава препораки на домашните МСП да инвестираат во стандардизација и технологија, како и во зголемување на ефикасноста на производство и во квалитетот на производството. Дополнително, МНК треба да ги редефинираат своите политики за јавни набавки и да се вклучат во менторски програми со домашните МСП како и да ги поддржат да инвестираат во иновативно производство.