Овој прирачник претставува алатка која треба да го помогне спроведувањето на новиот модел на оценување на работата на администрацијата во Република Македонија, заснован врз компетенции – оценување 360°. За прв пат, во проценката на ефектот од работата на службениците учествуваат не само нивните раководители, туку и колегите (од институцијата) и соработниците (надвор од институцијата). Оттука, оценувањето засновано врз компетенции треба да претставува објективен суд за индивидуалната работа и ефектото на вработениот, во контекст на неговата улога и придонес во рамки на организацијата, потребите од стручно усовршување и кариерен развој. Управувањето со ефектот е процес кој го опфаќа севкупното работење и изведбата на административните службеници вработените во институциите во јавниот сектор,со цел да се постигне високо ниво на резултатите од работењето. Процесот на управување со ефектот има за цел: 1 да се создаде заедничко разбирање за очекувањата од секој поединец во однос на извршените задачи и демонстрираните компетенции; 2 да се разгледаат перформансите; 3 да се охрабри учењето и развојот; 4 да се преземат аргументирани мерки за наградување или подобрување на работењето, а во крајна линија и казнување.