Извештај од следењето на соодветната и правична застапеност во јавниот сектор | ЦУП
Сподели

Извештај од следењето на соодветната и правична застапеност во јавниот сектор

Автор:

година: 2023

Република Северна Македонија (РСМ) е мултикултурно и мултиетничко општество. Поделбата на власта на законодавна, извршна и на судска е темелна вредност на уставниот поредок на РСМ (Устав, 1991), а пак суштината на  споделената власт (power-sharing) произлегува од „Охридскиот рамковен договор“ (ОРД), потпишан во 2001 година, со цел да се решат нееднаквостите и да се обезбедат поголеми права на учество за немнозинските заедници. ОРД воспоставува рамка што ја зема предвид правичната застапеност и почитувањето на принципот на недискриминација, посебно во составот на јавната администрација, во полициските служби и во другите сфери од јавниот живот и во јавното финансирање (ОРД, 2001: 4.1 & 4.2). ОРД нагласува дека законите што го регулираат вработувањето во јавната администрација треба да вклучуваат мерки за обезбедување на правична застапеност на заедниците во сите централни и во локални јавни тела, како и на сите нивоа вработување во рамките на тие тела, притоа почитувајќи ги правилата за заслуги, компетентност и за интегритет, кои се основата на јавната администрација. Дополнително ОРД укажува дека треба да се преземат неопходните активности за да се поправат нерамнотежите во составот на јавната администрација, посебно преку вработување на лица од недоволно застапените заедници (ОРД, 2001). Одредбите на ОРД се  вградени во низа уставни амандмани.

Преземи Погледни

Слични публикации

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk