Јавните услуги се во центарот на вниманието во современото општество поради тоа што нивната достапност и добро функционирање влијаат на квалитетот на животот на граѓаните, и придонесуваат граѓаните да се задоволни од институциите и да им веруваат. Квалитетното обезбедување на јавни услуги претставува дел од доброто владеење и е еден од клучните стимули за економски раст. Плаќањето данок, замената на личните документи на кои им истекол рокот, пријавувањето за социјална заштита се некои од најчестите интеракции кои граѓаните ги имаат со извршната власт. Подобрувањето на квалитетот и пристапноста на јавните услуги за сите групи на граѓани, вклучително и ранливите групи, е од клучна важност за градење на довербата на граѓаните во институциите.