Извештајот е резултат на следењето и анализата спроведена од страна на ЦУП, а во соработка со Кабинетот на заменик претседателката на Владата задолжена за политики на добро владеење и Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. Извештајот ги идентификува предизвиците во спроведувањето на законските обврски, но и примената на конкретните мерки и активностите кои се однесуваат на пристапот до информации од јавен карактер, дава препораки за подобрување на транспарентноста, одговорноста и отчетноста на институциите, но истовремено ги поттикнува граѓаните, граѓанскиот сектор, академската заедница, приватниот сектор и сите други чинители во општеството, активно да ги барат и да ги користат податоците на институциите за потребите на својата област на работа и да придонесат за креирањето на подобри политики кои ќе водат кон прогрес во сите општествени сфери.
Овој извештај за следење е подготвен во рамките на проектот „Поттикнување на доброто управување и реформите во јавната администрација“ финансиран од фондот National Endowment for Democracy (NED).