Ushtrimi i së drejtës së lirisë së shprehjes – teoria dhe praktika | ЦУП
Сподели

Ushtrimi i së drejtës së lirisë së shprehjes – teoria dhe praktika

година: 2017

Правото на слобода на изразување претставува една од најсуштинските основи на едно демократско општество и еден од условите за неговиот напредок. Во демократските системи секој поединец има право да го изразува своето мислење, да комуницира, да прима и да пренесува информации и идеи, а ваквото право треба да биде функционално. Ова право не го вклучува само индивидуалното право на слобода на изразување преку кое се врши одредено изразување на ставови и мислења, како што е погоре наведено, туку и остварувањето на истите од страна на медиумите. Сепак, значајно е да се напомене дека правото на слобода на изразување е моќна алатка која може да биде злоупотребена и искористена да се поттикне насилство, да се шири омраза и да се наштети индивидуалната приватност и безбедност.

Идејата на оваа публикација е детално анализирање на правото на слобода на изразување и тоа преку: 1. разгледување на поставеноста на ова право во националната и меѓународната правна рамка, 2. прикажување на судската практика на националните судови, на Европскиот суд за човекови права и на Европскиот суд на правдата во врска со оваа материја и 3. унапредување на правната рамка со заклучоци и препораки. Oваа анализа е изготвена во склоп на проектот „Истражувачко новинарство чувар на демократијата и човековите права“ имплементиран од страна на Центарот за управување со промени и Институтот за човекови права, а финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Британската амбасада Скопје.

Преземи Погледни

Слични публикации

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk