Од 03 до 04 март 2023 година, во Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање во организација на Министерство за труд и социјална политика , ЦУП започна со спроведување на нов циклус обуки за вработените во јавниот сектор.
Започнавме со основна обука за род, родова еднаквост и воведување на родова перспектива во јавните политики фасилитирана од програмската координаторка на ЦУП Искра Белчева Ристовска и проектната координаторка на ЦУП Бранка Минчева Коцевска.
Зборувавме за циклусите на креирање на јавни политики, стратегии за застапување на родова еднаквост во тие процеси како и улогата на родовата статистика при креирањето на јавните политики.
Ресурсниот центар работи како дел од Министерство за труд и социјална политика поддржан од UN Women Skopje во рамки на проектот „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“.
Дата: 26.08.2024
Дата: 26.04.2024