Во рамки на кампањата „Ноември - месец на дискусии за јавните услуги“, Центарот за управување со промени упатува отворена покана за јавноста за учество на онлајн дискусиите кои ќе се одржуваат во текот на месец ноември, почнувајќи од 09.11.2020 (понеделник) на платформата ZOOM.
Дискусиите се дел од програмата „Подобра испорака на јавни услуги за граѓаните преку активна вклученост на Собранието“ финансирана од Европската Унија и кофинансирана од Цивика Мобилитас и се резултат на мониторинг на испораката на јавните услуги за граѓаните. Центарот за управување со промени и партнерските организации истражуваа каков е пристапот до јавните услуги во повеќе општини во земјата, ги идентификуваа најчестите проблеми и отстапувања од пропишаните правила во пракса, а врз основа на добиените наоди подготвија препораки за подобрување. На претстојните онлајн дискусии истражувачите ќе ги споделат со јавноста своите предлог препораки, а сите заинтересирани се поканети да дадат дополнителни сугестии и размислувања, кои пак ќе претставуваат основа за креирање подобри политики за модернизирање на услугите.
Пријавувањето е во тек: https://bit.ly/2UbQbS3
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024