На 17.10.2022 Центарот за управување со промени (ЦУП), заедно со Националната федерација на фармери (НФФ), ја организираше конференцијата со наслов „Предизвиците на жените во руралните средини и нивните заложби“ под покровителство на сопругата на Претседателот на државата г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска.
Конференцијата беше организирана во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“, финансиски поддржан од USAID North Macedonia и The Balkan Trust for Democracy.
На конференцијата говорници беа жени од руралните средини кои директно ги пренесоа предизвиците со кои жените се соочуваат како и мерките кои треба да бидат преземени за подобрување на нивната социо-економска положба во општетсвото.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024