Конференција „Родовата еднаквост на работното место“ | ЦУП
Сподели

Конференција „Родовата еднаквост на работното место“

Дата: 21.09.2022

На 21 септември 2022 година во Кабинетот на Претседателот на Република северна Македонија, Центарот за управување со промени (ЦУП) ја организираше конференцијата „Родовата еднаквост на работното место“.

Во рамки на конференцијата се организираа две панел дискусии од кои едната со претставници на граѓанскиот сектор, кои ги споделија своите искуства на терен и резултат од спроведени истражувања. Додека втората панел дискусија беше составен аод претставници на бизнис секторот, кои зборуваа за корпоративните политики наосчени кон подобрување на родовата нееднаквост како и добри примери од странски компании, кои може лесно да бидат применети и кај нас. 

Извршната директорка на ЦУП ги презентираше постоечките информации во врска со родовата нееднаквост во нашата држава, кои го истакнаа фактот дека поголем број од жените се вброени во рамки на неактивното население, работејќи домашни обврски, што е често неплатена и невидлива работа. Во оваа насока, директорката го отвори прашањето за имплементирање на концептот на „економија на грижа“ во нашата држава, како еден од можните механизми за подобрување на состојбата со родовата еднаквост. 

Проектната координаторка во ЦУП Јасна Пајковска, ги презентираше резултатите од кратката анализа од испитувањето на мсилењето за родовата еднаквост на работното мест во нашата држава. Резулттаите покажаа дека потребно е компаниите да воведуваат државни и корпоративни политики кои се насочени кон флексибилно работно време, како начин за подобрување на родовата еднаквост во нашата држава.

Конференцијата е организирана во соработка со „Алијансата за родова еднаквост“, под покровителство на сопругата на Претседателот на РСМ г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска а во рамки на проектот „Мерки за зајканување на женски бизниси по Ковид- 19“ финансиски поддржан од USAID North Macedonia и The Balkan Trust for Democracy.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk