ДИСКУСИЈА НА ТЕМА „ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРОЦЕСИТЕ НА ЈАВНИ НАБАВКИ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА“ | ЦУП
Сподели

ДИСКУСИЈА НА ТЕМА „ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРОЦЕСИТЕ НА ЈАВНИ НАБАВКИ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА“

Дата: 13.12.2021

На 13.12.2021 година во Клубот на пратеници, ЦУП беше дел од дискусијата „Подобрвање на процесите на јавните набавки во Министерството за одбрана (МО): Како до поголема ефикасности подобро планирање? Шанса за други државни институции?“. Настанот беше во организација на МО, а покрај ЦУП учествуваа и претставници од други државни институции чија работа е поврзана со процесите на јавни набавки и амбасадите на Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави.

 

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска изрази голема благодарност и задоволство за соработка со ЦУП во процесот на креирање на систем за координација и следење, со кој ќе се забрзаат и подобрат интерните процеси за јавни набавки во МО. Според неа, ако овој систем се покаже успешен во огромна институција како МО со голем број на комплексни набавки, кои вклучуваат и набавки за Армијата, истиот би можеле да го преземат и применуваат другите државни, осносно јавни институции. Системот би требало да ги намали ризиците од корупција со намалување на своеволно креирање на барањата во набавките, да ја намали едноставната административна работа преку автоматско генерирање на документи, како и да овозможи поголема транспарентност преку можноста да се следи секој интерен чекор врзан за јавните набавки во секој момент. 

 

Извршната директорка Нада Малеска-Сачмароска и програмската координаторка Искра Белчева- Ристовска ги презентираа завршените и планираните активности во проектот, идентификуваните предизвици и предложените решенија, како и првичниот дизајн на системот за координација и следење на јавните набавки. 

 

Процесот на соработка со МО е исклучително значаен поради тоа што интересот за унапредување на ефикансоста во работата на министертсвото е на високо ниво.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk