Електронски услуги- унифицирани, едноставни и достапни на едно место за сите граѓани | ЦУП
Сподели

Електронски услуги- унифицирани, едноставни и достапни на едно место за сите граѓани

Дата: 26.06.2020

Денес министрите за здравство и за информатичко општество и администрација претставија дека од 1 мај досега 95% од рецептите и лековите се издадени по електронски пат.

Ако може електронски рецепти, зошто не и сите други уписи во регистри, изводи и решенија?

За да се заштити здравјето на граѓаните се потребни повеќе електронски услуги. Но за граѓаните да да почнат масовно да ги користат електронските услуги потребно е тие да се унифицирани, едноставни и достапни на едно место.

Тековната криза може да ги притисне институциите кон дигитализација на процесите, да ги натера службениците да го применуваат новиот начин на работа, а граѓаните да се навикнат и научат на користење електронски услуги. Сега се покажува дека за повеќето процеси нема потреба од директна комуникација со корисниците, туку дека администрацијата може да биде и невидлива и поефикасна.

Прочитајте повеќе од анализата 

https://cup.org.mk/…/analysis-of-the-available-electronic-s…

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk