Денеска ја одржавме завршната конференција на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавни услуги”, кој е финансиран од страна на Delegation of the European Union, Skopje и ко-финансиран од Британската Амбасада Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени и Асоцијација Зенит / Association Zenith во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација.
На конференцијата воведни обраќања имаа: Александар Бајдевски, Заменик министер за информатичко општество и администрација, Ирена Иванова, Делегација на Европска Унија и Александар Николов, Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит.
Додека клучните сознанија, резултатите и препораките од проектот во насока на подборување на јавните услуги беа изнесени од страна на: Искра Белчева Ристовска, Центар за управување со промени, Јованка Дамоска Секулоска, универзитетски професор, Фани Михајловска, адвокат, Зоран Биковски, КХАМ - Делчево и Зоран Гичевски, Асоцијација Зенит.
Дата: 26.08.2024
Дата: 26.04.2024