Прва сесија од менторската програма за зајакнување на капацитетите на Комисија за спречување и заштита од дискриминација               | ЦУП
Сподели

Прва сесија од менторската програма за зајакнување на капацитетите на Комисија за спречување и заштита од дискриминација              

Дата: 01.06.2022

Во перидот од 31 мај до 01 јуни 2022 година, се одржа првата сесија од менторската програма за зајакнување на капацитетите на Комисија за спречување и заштита од дискриминација организирана од ЦУП

Комисионерите се запознаа со Jarlath Kearney (комисионер во комисијата за еднаквост од Северна Ирска) кој ќе ја предводи менторската програма наредните три дена

Целта на менторската програма е членовите на КСЗД да се запознаат со моделот на организација и надлежности на телото за еднаквост во Северна Ирска и нивните добри пракси во делот на истражувањето на случаите на дискриминација. Исто така, се дискутираше за предизвиците, решенијата и стратешкиот пристап кон развивање на институцијата која обезбедува еднаквост во нашата држава

Менторската програма е организирана во рамки на проектот "Борба против дискриминација преку поддршка на КСЗД" поддржан од Британската Амбасада во Скопје. 

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk