Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамки на проектот „Поттикнување на добро управување и реформа на јавната администрација“ спроведува трето истражување за примена на принципот на соодветна и правична застапеност во институциите од јавниот сектор.
За таа цел, беа организирани три фокус групи со претставници на јавниот сектор и граѓанскиот сектор, со цел прецизно утврдување на предизвиците при примената на овој принцип. Фокус групите ги фасилитираа проектната координаторка на ЦУП Бранка Минчева Коцевска заедно со правните експерти Наталија Шикова и Југослав Ѓоргиевски.
Преку дискусиите на површина излегоа практичните предизвици во процесот на примена на овој принцип како и конструктивни предлози за подобрување на истиот.
Истражувањето се состои од одговори добиени од преку 250 институции од јавниот сектор, анализа на постоечките прописи, стратегии и документи кои се однесуваат на оваа проблематика како и резултати од фокус групите за кои станува збор тука.
Извештај од спроведеното истражување за следење на примената на принципот на соодветна и правична застапеност ќе биде објавен до крајот на месец јуни 2023 година и има за цел да укаже на реалните состојби на терен и да предложи конкретни мерки за подобрување на состојбите.
Проектот „Поттикнување на добро управување и реформа на јавната администрација“ е спроведен од ЦУП а поддржан од National Endowment for Democracy
Дата: 06.10.2024
Дата: 06.10.2024