Четиридневна студиска посета на Лондон,Велика Британија за стратешка одговорност и управување со перформанси, наменета за седум високи претставници од различни министерства на Влада на Република Северна Македонија | ЦУП
Сподели

Четиридневна студиска посета на Лондон,Велика Британија за стратешка одговорност и управување со перформанси, наменета за седум високи претставници од различни министерства на Влада на Република Северна Македонија

Дата: 10.05.2019

 Центарот за управување со промени во соработка со PAI - Public Administration International од 7-10 мај во Лондон, Велика Британија, организираше четиридневна студиска посета за стратешка одговорност и управување со перформанси, наменета за седум високи претставници од различни министерства на Влада на Република Северна Македонија.

Во фокусот на оваа студиска посета беа развивање на личната способност за лидерство во креирањето на промени; зајакнување на вештините за справување со постојните и идните стратешки предизвици; преглед и имплементирање на планови за зголемување на раководната отчетност во организацијата; препознавање на приодите кои можат да се искористат и промените кои можат да се спроведат за подобрување на испораката на јавните услуги; како и примена на концептот „вредност за пари“ за програми и други активности.

Брифинзи, вежби, дискусии со експерти и релевантни посети беа дел од оваа студиска посета, каде акцентот беше ставен на практични прашања и идентификација на областите на најдобра практика, кои може да се прилагодат во Република Северна Македонија.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk