Колку се (не)транспарентни општините? – ЦУП одржа презентација на наоди во општина Струга | ЦУП
Сподели

Колку се (не)транспарентни општините? – ЦУП одржа презентација на наоди во општина Струга

Дата: 23.03.2017

На 23.03.2017, пред вработените во општина Струга , ЦУП ја одржа третата презентација на наоди од истражувањата, кои се однесуваат на тоа колку локалните самоуправи транспарентно ги објавуваат информациите на своите веб страници, како и за тоа кои информации граѓаните би сакале да ги објавуваат локалните самоуправи.

Истражувањата од кои беа презентирани наодите се:

E-транспарентност”, достапно на Македонски, Албански и Англиски јазик, и 

 „Барометар на веб транспарентност исто така достапно на Македонски, Албански и Англиски јазик.

Истражувањата се изработени во рамки на проектот „Граѓанинот на прво место”,  проект кој се фокусира на подобрување на транспарентноста на единиците на локалните самоуправи преку воспоставување на стандарди за отворени и паметни податоци на локално ниво, со цел подобро вклучување на граѓаните и граѓанските организации во следењето на работата и донесувањето на одлуки од страна на општините. 

Проектот е имплементиран од страна на „Центаропт за управување со промени” во партнерство со „Центарот за одржлив развој АЛКА”. Повеќе за проектот „Граѓанинот на прво место” може да прочитатеовде.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk