Спроведување на CAF во Собранието на Република Северна Макеоднија | ЦУП
Сподели

Спроведување на CAF во Собранието на Република Северна Макеоднија

Дата: 15.11.2022

Собранието ја отпочнува третата по ред периодичната самопроценка на сопственото работење врз основа на европските стандарди за одличност во работењето, а согласно Заедничка рамка за проценка (ЦАФ).

Овој стандард  е резултат на соработката помеѓу министрите на земјите членки на Европската унија задолжени за подобрување на административните капацитети, инспириран е од Моделот на Европската фондација за одличност во управување со квалитетот. На овој начин и Собранието се приклучува кон иницијативите и стандардите на Европската Унија за модернизација на јавните служби.

Целта на овој процес е постојано унапредување на работата на Собранието преку проценка на работењето во кој се идентификуваат подеднакво успесите и  напредокот, но и слабостите кои треба да се надминат. Врз основа на оваа проценка во која активно се вклучени вработените во собраниската служба се бараат начини како да се подобри ефективноста и ефикасноста во работењето на собраниската служба и воопшто Собранието.

На Работилницата се обрати и заменик координаторот на успешно завршениот цилус на ЦАФ 2019 – 2020, Дејан Мојсоски. Тој го сподели своето искуство од досега успешно реализираните мерк,  за подобрено работење на институцијата за потребите на пратенците и граѓаните. 

Процесот ќе го води Центарот за управување со промени ЦУП, во рамките на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), финансирана од Швајцарската амбасада, а имплементирана од НДИ, ЦУП и ИДСЦС.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk