Првата обука која ЦУП ја спроведе во рамки на проектот “Социо-економско јакнење на младите жени во Североисточен плански регион на РСМ” беше организирана во општина Ранковце. Целта на воведната обука беше да се запознаат жените од општината со областа на економија на грижа и поимите поврзани за бизнис моделирање. Учесничките беа информирани за влијанието и значењето на социјалното претприемништво врз благосостојбата на населението, екологијата и планетата. Дополнително, се говореше за позитивните меѓународни практики и примери кои можат да бидат имплементирани во нашите региони и кои ќе допринесат кон зајакнување на социо-економската состојба на младите во руралните средини. Имено во текот на воведната сесија се дискутираше за потребите од социјални услуги во општината и можностите на жените учеснички да започнат сопствен бизнис во областа на грижа согласно нивните вештини и знаења. Една од главните цели беше да се развијат иновативни идеи на бизнис модели кои ќе придонесат кон развој на женското претприемништво и воедно на економијата на грижа во општина Ранковце.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024