Центарот за управување со промени (ЦУП) има потреба од ангажман на Асистент на проект и лице задолжено за односи со јавност за потребите на проектот "Развој на микро-претпријатија за жени во прекуграничната област". Проектот е поддржан преку Делегацијата на Европската унија и се спроведува во рамки на "Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија за 2014 и 2015 година" со фокус на регионите Полог и Елбасан.
Главна задача на Проектниот асистент и лице задолжено за односи со јавност е да помага во целиот тек на спроведувањето на активностите и задачите на проектот и да ги врши сите задачи поврзани со информирање на јавноста и комуникација со корисниците и целните групи, како и соодветните институции. Под водство и надзор на раководителот на проектот, асистентот на проектот ќе помага на проектот и ќе се грижи за целокупната видливост на проектот и одржување на односите со јавноста.
Клучни должности за позицијата:
Квалификации и работно искуство
Позицијата е предвидена со полно работно време со нето надоместок од 25.000МКД и сите платени придонеси како дел од вработувањето за времетраење на проектот заклучно со септември 2020 година и можност за продолжување во рамки на организацијата на иста или слична позиција.
Доколку сте заинтересирани, ве молиме да го поднесете вашето CV во европски формат на англиски јазик, заедно со придружно мотивациско писмо и диплома за завршено високо образование во електронска верзија најдоцна до 13.11.2018 година на е-пошта vesna.gligorova@cup.org.mk со назнака - Апликација за проектен асистент.
Забелешка: Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор согласно со горенаведените критериуми ќе бидат контактирани.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024