Промовирана електронската услуга за упис на првачиња во основно училиште | ЦУП
Сподели

Промовирана електронската услуга за упис на првачиња во основно училиште

Дата: 22.04.2021

Во основното училиште „Вера Циривири Трена“ во Општина Карпош беше промовирана електронската услуга за упис на првачиња во основно училиште.

На настанот земаа учество министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, раководителот на програми во British Embassy Skopje – Ричард Малион и извршната директорка на Центарот за управување со промени Неда Малеска.

Со дигитализација на услугите значително ќе се подобри пристапот на граѓаните до институциите , ќе се намали времето на чекање и ќе се намалат административните бариери при испораката на услугите за граѓаните.

Центарот за управување со промени ја поддржа дигитализацијата на услугите во областа на образованието преку изработка на повеќе електронски услуги, како што се: нострификацијата на дипломи во основно, средно и високо образование, конкурси за ученички и студентски стипендии и аплицирање за финансирање на проекти за реновирање на училишни објекти.

 Услугите се изработени во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање“, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk