На 13.04.2023 година, во хотел Хилтон, Центарот за управување со промени (ЦУП) организираше панел дискусија на која ги презентираше наодите од два истражувачки извештаи за лседење на институциите од јавниот сектор. Поточно, беа презентирани резултатите од извештајот за следење а управувачките структури во институциите од јавниот сектор и Извештај од следење на материјалното и финансиското работење во институциите од јавниот сектор.
Истражувачките наодие беа презентирани од страна на Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска и истражувачот Југослав Ѓоргиевски. Фокус на извештаите беа раководствата на институциите, нивниот состав, работа и начин на избор како и составот, работата и начинот на избор на Управните и Надзорните одбори на институциите од јавниот сектор. Исто така, извештаите опфаќаат преку 250 институции од повеќе сектори (култура, образование, социјална заштита, јавни претпријатија, регулаторни тела, казнено-поправни установи, управни организации, трговски друштва во државна сопственост).
Целосните извештаи може да ги прочитате на веб страницата на ЦУП во делот „публикации“.
Вториот дел од настанот беше дискусија со претставници на институциите и граѓанскиот сектор. Односно говореа Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за политики за политики за добро владеење Славица Грковска, Главниот државен ревизор Максим Ацевски, Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска, Претседатлката на Транспаренси Интернешнел Македонија Слаѓана Тасева и Раководителот на центарот за добро управување при Институтот за демократија Социетас Цивилис Миша Поповиќ.
Главниот државен ревизор изрази загриженост за начинот на кој се управува со институциите и посочи на улогата на надзорните и управните одбори и нивниот придонес кон т.н. лошо управување со институциите од јавниот сектор.
Претставниците на граѓанскиот сектор изразија загриженост за начинот на избор на раководната структура и повторно беше истакната потребата од Законот за висока раководна служба, кој построго би ги регулирал процесите на избор на раководните лица во институциите од јавниот сектор.
Овие тврдења беа подкрепени со истражувачките наоди на ЦУП, кои преку конкретни бројки говорат за итноста од поодбрување на управувањето со јавните установи.
Настанот е организиран во рамки на проектот „Поттикнување на добро управување и реформа на јавата администрација“ поддржан од National Endowment for Democracy.
Дата: 26.08.2024
Дата: 26.04.2024