Во периодот од 21-ви до 23-ти декември во Велес се одржа првата регионална обука за концептот на отворени податоци и Отворено Владино Партнерство, во рамките на проектот „Граѓанинот на прво место“. На обуката земаа учество претставници на единици на локална самоуправа, како и претставници на локални граѓански организации.
Целта на обуката е учесниците да го разберат концептот на отворени податоци и да влијаат на имплементацијата на овој пристап во локалните самоуправи, и со тоа да се зајакне нивното влијание во носењето на одлуки. Од една страна, претставниците на единиците на локална самоуправа се обучуваат за како да објавуваат отворени податоци, а од друга страна, претставниците на локалните граѓански организации се обучуваат за тоа како може да ги искористат отворените податоци за поголемо вклучување во процесот на носење на јавните политики на локално ниво.
Следните модули беа испорачани од обучувачите: Отворено Владино Партнерство и отворени податоци; Структура на буџетот на ЕЛС, разбирање на финансиски податоци, следење и читање на буџетите на ЕЛС, како и влијание на креирање на политиките и евалуација - користење на отворени податоци во креирањето на политики базирани на докази; Активно учество / принципи на учество, партиципативно донесување на одлуки; Протоколи за ефективно / инклузивно учество на јавноста.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024