На 17.07.2023 година во просториите на Public Room, беше одржана презентација на наодите од спроведеното следење на примената на „балансерот“ во процесите на вработување во институциите од јавниот сектор од страна на истражувачите и правни експерти проф. д-р Наталија Шикова и Југослав Ѓоргиевски.
Извештајот опфаќа преку 250 институции од јавниот сектор од различни области (образование, култура, социјална заштита, здравство, регулаторни тела, јавни претпријатија, управни организации и ср.), кои беа онтактирани преку барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, истражување на јавното мислење, споредбена анализа со други држави кои го делат истиот или сличен проблем како и препораки за подобрување на состојбите.
На презентацијата беа присутни претставници од централните државни институции и граѓанските организации и длабински беа дискутирани наодите од спроведеното истражување и препораките кои ги предлага истото.
Присутните како на главен проблем укажуваат на партизираноста на институциите т.е. јавната администрација што попречува постоење на мерит систем за вработување во јавниот сектор и аналогно на тоа правилно користење на „балансерот“ како алатка за постигнување на поправично општество.
Извештајот ќе биде објавен на нашата веб странава во наредните денови.
Извештајот и настанот се организирани во рамки на проектот „Поттикнување на добро управување и реформа на јавната администрација“ поддржан од National Endowment for Democracy (NED).
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024