Работилница за стратешко планирање Парламентарна буџетска канцеларија | ЦУП
Сподели

Работилница за стратешко планирање Парламентарна буџетска канцеларија

Дата: 23.04.2021

На 22ри и 23ти април беше одржана онлајн работилница за стратешко планирање на Парламентарната буџетска канцеларија. На работилницата работевме на формата, алатки за изработка и поставувањето на приоритети, цели и индикатори на стратешкиот план како и на релевантни документи за негова изработка, координација на стратешкиот план со политиките и плановите за работа на институциите.

Работилницата беше одржана во рамки на Програмата за парламентарна поддршка финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а се реализира од страна на Националниот демократски институт НДИ, Центарот за управување со промени и Институтот за демократија Социетас Цивилис Скопје. 

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk