Заокружена е работилницата за разгледување на Законот за висока раководна служба и соодветните подзаконски акти во организација Министерство за информатичко општество и администрација и Центарот за управување со промени, финансиски поддржани од Британската амбасада во Скопје.
Унапредување на Законот за висока раководна служба и дискусија на тезите за подзаконските акти беше основна цел на работилницата која се одржа од 13-15 мај. На работилницата учествуваа админстративни службеници со познавање и искуство во областа на законодавството, експерти за управување со човечки ресурси и високи административни службеници. На работилницата учествуваа и експерти од СИГМА, кои ја помогнаа изработката на Законот за висока раководна служба.
Работилницата ја водеа Неда Малеска Сачмароска, извршнa директорка на ЦУП и Гери Рефо, консултантка со долгогодишно искуство во управување со човечки ресурси во администрацијата на Велика Британија, воедно, дел од тимот кој многупати вршел селекција на високи раководни службеници во Велика Британија.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024