Трета работилница
Стратешки план на Мрежа 23
Третата и последна работилница од Проектот „Мрежа 23” се одржа во периодот од 19ти до 22ри март, во Хотел „Дрим” – Струга. На работилницата зедоа учество проектните координатори и раководители на организациите – дел од грантовата шема. На неа се работеше на стратешки план на Мрежа 23, односно се идентификуваа визијата, мисијата и вредностите, се направи проблемска анализа, анализа на докази и анализа на клучните прашања и дилеми во секторите во кои делува и ќе делува МРЕЖА 23. Покрај тоа се дефинираа клучните актери и партнери (институции здруженија на граѓани, деловни субјекти), други надворешни корисници што влијаат или се под влијание на активностите и одлуките на МРЕЖА 23 и слично, како и се разработи концепт на Кодекс на Мрежа 23 кој треба да го утврди начинот на функционирање на МРЕЖА 23.
Како додадена вредност, на работилницата свое излагање имаше и презентер од здружението АДИ-Гостивар во име на програма на УСАИД за анти-корупција и во насока на евентуална можност за соработка со Мрежа 23.
На работилницата се презентираше односно тестираше алатката и МЕРЦ, односно се претстави дизајнот, идејното решение, платформата на корисници и план и динамика на работа која ќе им помогне на учесниците (грантистите) во понатамошна реализација на идните активности.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024