Центарот за управување со промени и Министерството за информатичко општество и администрација започнаа со реализација на втората обука за проценката на влијанието на регулативата, која е дел од проектот “Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација”.
Во фокусот на дводневната обука која се спроведува во Хотелот “Гарденија” во Велес се алатките за спроведувањето на ПВР а ја следат координаторите за проценка на влијанието на регулативата од повеќе министерства во владата.
Инаку, проценката на влијанието на регулативата е третата составна компонента од проектот “Поддршка на процесот на реформи во јавната администрација”, финансиран од британската амбасада во Скопје.
Целта на овој проект е да го поддржи реформскиот процес во клучните државни институции, во рамките на стратегијата за реформа на јавната администрација и според принципите на доброто владеење.
Враќањето на довербата во институциите ќе се врши преку зајакнување на нивната транспарентност и отчетност и воведувањето на системот за отворени податоци, како и преку подобрување на процесите на стратешко планирање и следење на политиките на Владата.
Ќе се засилат и принципите на управување со човечкиот капитал во администрацијата врз принципите на заслуги и обезбедување на инклузивност и предвидливост на легислативата.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024