Во организација на Центарот за управување со промени и Институтот за човекови права, на 19-ти и 20-ти Октомври, на правниот факултет од Универзитетот “Гоце Делчев”во Штип, се одржа дводневна обука за истражувачко новинарство.
Обуката ја следеа 35 студенти по новинарство од Универзитетите "Кирил и Методиј" од Скопје и "Гоце Делчев" од Штип.
Првиот ден предавање и обука на тема “Методи и техники на истражувачкото новинарство” одржа Снежана Лупевска Созен, одговорен уредник во Телевизија Телма и автор на емисијата за истражувачко новинарство "Код". Истовремено за проблемот на правните аспекти на слободата пред студентите говореше адвокатот Лазар Сандев.
Вториот ден вниманието на студентите го задржа главниот уредник на телевизијата 24 Вести, Младен Чадиковски, кој одржа обука насловена “Вистина и заблуди во новинарството”, додека адвокатот Лазар Сандев продолжи со анализа на правните аспекти на слободата на изразување и истражувачкото новинарство.
Во текот на интерактивната обуката, студентите имаа одлична можност директно да се запознаат со начинот на кој се одвива процесот на истражувачко новинарство, од изборот на темата која е од јавен интерес, откривање и проверка на информациите и нивна верификација па се до објавувањето на сториите и откривањето на нови моменти во темата која се истражува.
Дата: 26.08.2024
Дата: 26.04.2024