Видот на образованието- единствен критериум за вработување во јавната администрација | ЦУП
Сподели

Видот на образованието- единствен критериум за вработување во јавната администрација

Дата: 11.05.2021

Во постоечката регулатива за вработување на административен службеник, формалното образование, односно образовните квалификации претставуваат пресуден, одлучувачки фактор во процесот на селекција на кандидатите за административен службеник. Доколку кандидатот не поседува одреден вид на образование, дефинирано во описот на работното место во Правилникот за систематизација на работните места на институцијата, тој/таа ќе биде елиминиран/а уште во првата фаза на постапката т.е. фазата на административна селекција.

Компетенциите во оваа фаза на селекција воопшто не се проверуваат, ниту пак се земаат предвид. Компетенциите се проверуваат и оценуваат во третата фаза – фазата на проверка на веродостојноста на доказите и интервју. Под претпоставка дека кандидатот за административен службеник го има положено испитот за административен службеник19, тој/таа нема можност да стигне до третата фаза на селекцијата за да го покаже поседувањето на потребните посебни компетенции, доколку не поседува соодветен вид на образование согласно Правилникот за систематизација на работните места во дадената институција, односно видот на образование потребно за објавеното работно место.

https://bit.ly/3hp5x2i

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk