Што треба да знаат и практикуваат вработените во јавната администрација? | ЦУП
Сподели

Што треба да знаат и практикуваат вработените во јавната администрација?

Дата: 23.06.2017

Кои се основните принципи на администрацијата во модерните демократии? Кои се законските инструменти за заштита на некои од правата на вработените во јавната администрација? Како вработениот во јавна админстрација да обезбеди заштита на своите права? Кои се главните проблеми или тековни предизвици за вработените во јавната администрација ? 

Ова се дел од прашањата на кои одговори нуди публикацијата : "Што треба да знаат и практикуваат вработените во јавната администрација?", објавена од страна на Центарот за управување со промени. 

Преку посочување на принципите клучни за функционирањето на јавните администрации во современите политички  системи, актуелните правни процедури но и повеќе примери од практиката, оваа публикација ги разгледува можностите за заштита на некои од правата на вработените во јавната администрација како што се: можностите за вработување, стручното усовршување, напредување и кариерен развој, мобилноста но и правото на заштита од мобинг.  

Објавената публикација можете да ја прочитатe овде.

Проект: Следење на административната правда

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk