Во рамки на проектот „Борба против дискриминацијата преку поддршка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство со поддршка на Британската амбасада Скопје, беше одржана дводневна работилница за изработка Стратешкиот план на Комисијата кој е неопходен за сите институции на јавниот сектор, согласно принципите на добро управување. Ги идентификувавме визијата и мисијата на Комисијата, направивме анализа на докази и клучни прашања во секторите во кои делува, подготвивме СВОТ анализа и ги утврдивме целите и активностите.
ЦУП преку проектот, ќе ја води и поддржи Комисијата низ процесот на поставување стратешки приоритети за извршување на законските одговорности, дејствување како професионална институција посветена на заштита на правото на граѓаните и зајакнување на капацитетите за извршување на функцијата и подобрување на отчетноста пред граѓаните.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024