На 14 март 2023 година во просториите на Собранието на РСМ се одржа работилница за обработка на критериумот „Процеси“ како дел од критериумите на CAF моделот за замопроцена на работата на институцијата.
На работилницата работната група на Собранието ги идентификуавше силните и слабите страни во работењето и утврди конкретни предлог-мерки за подобрување на процесите во работењето на службата на институцијата, со крајна цел зајакнување на работата на Собранието.
CAF моделот се имплементира во рамки на проектот „Програма за парламентарна поддршка“ имплементиран од NDI North Macedonia, Институтот за демократија Societas Civilis и Центарот за управување со промени (ЦУП).
Дата: 26.08.2024
Дата: 26.04.2024