Работилница за градење на капацитетите за институционален развој на Собранието | ЦУП
Сподели

Работилница за градење на капацитетите за институционален развој на Собранието

Дата: 30.11.2022

Во рамките на Програмата за парламентарна поддршка, на 30.11.2022 година во хотелот Холидеј Ин во Скопје, ЦУП одржа работилница за собраниските службеници за градење на капацитетите за институционален развој на Собранието. На работилницата учествуваа членовите на работната група за унапредување на системот за развој на човечки ресурси и организациски развој во Собранието на РСМ. На работилницата се идентификуваа предизвиците во областа на управувањето и развојот на човечките ресурси и се дефинираа областите кои ќе бидат предмет на Програмата за развој на човечки ресурси и организациски развој во Собранието, на која, со поддршка на ЦУП, Собранието ќе работи во наредниот период.

Програмата за парламентарна поддршка е имплементирана од Националниот демократски институт (НДИ), Центарот за управување со промени и Институтот за демократија Социетас цивилис (ИДСЦС) е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а обезбедува поддршка на Собранието на Република Северна Македонија во неговите напори за независност преку градење на консензус, структурни реформи и градење на капацитетите за институционален развој на Собранието, неговата законодавна и надзорна улога, неговата институционална транспарентност и отчетност.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk