Работилница за проблемска анализа за процесите кои се уредени со Деловникот на Владата на РСМ | ЦУП
Сподели

Работилница за проблемска анализа за процесите кои се уредени со Деловникот на Владата на РСМ

Дата: 18.08.2023

На 18.08.2023 година Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“ ја одржа првата работилница за изработка на проблемска анализа за процесите и процедурите кои ги уредуваат одредбите од Деловникот на Владата на Република Северна Македонија. Работилницата беше фасилитирана од извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска и програмската координаторка на ЦУП Искра Белчева Ристовска а учесници беа претставници од службата на Генералниот секретаријат на Владата и правни експерти. 
Дискусијата ги опфати скоро сите одредби на Деловникот и преку длабинска анализа присутните се осврнаа на дигитализација на процесите, зајакнување на ефикансоста на седниците на Владата, отчетноста на Министрите, зајакнување на транспарентноста, зајканување на следењето на стратегиите и програмите на Владата и Министерствата, регулирање на седници во воена и вонредна состојба, подобрување на работата на работните тела на Владата и законодавниот календар, како и усогласување со процесите на ЕУ интеграција и правото на ЕУ.  
Оваа работилница е само прва во низа наредни работилници кои ќе се фокусираат на подобрување на одредите на Деловникот на Владата со крајна цел зајакнување на процесите на управување со јавните политики. 
Работилницата е организирана во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“ спроведен од ЦУП во соработка со Владата на Република Северна Македонија а со поддршка од Владата на Обединетото Кралство преку Британската Амбасада во Скопје.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk