На 09.05.2023 година, во хотел Холидеј Ин во Скопје, Центарот за управување со промени (ЦУП) организираше работилницата на тема „Координирање на политиките од страна на Центар на Влада“, за преку 50 претставници/службеници од 16 министерства и 2 секретаријати од секторите за стартешко и финансиско планирање.
Учесниците имаа можност да ги слушнат позитивните практики на Владата на Обединетото Кралство за процесите на стратешко планирање и координирање на јавните политики, презентирани од експертот Simon James од Кабинетот на Премиерот на Обединетото Кралство.
Главниот фокус беше ставен на координацијата на јавните политики од страна на „Центар на Влада“, како концепт кој овозможува поефикасно и поефективно планирање и спроведување на јавните политики во насока на унапредување на животот на граѓаните.
Заедно ги дискутиравме предизвиците на македонскиот систем на стратешко планирање и координација на работата на централните институции наспроти праксата во Обединетото Кралство, рефлектирајќи што може да примениме во македонски контекст со цел да ги зајакнеме процесите.
ЦУП континуирано работи на унапредување на управувањето во јавниот сектор заради адресирање на потребите и испорака на резултати за граѓаните, а овој период посебен фокус е ставен на процесите на стратешко планирање.
Настанот е организиран во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“ кој го спроведува Центарот за управување со промени во соработка со Влада на Република Северна Македонија и е поддржан од British Embassy Skopje.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024