Работилница - Решенија за унпаредување на Деловникот за работа на Владата на Република Северна Македонија | ЦУП
Сподели

Работилница - Решенија за унпаредување на Деловникот за работа на Владата на Република Северна Македонија

Дата: 01.09.2023

На 01.09.2023 година тимот на ЦУП продолжи со работилниците наменети за унапредување на процесите кои се уредени во Деловникот за работата на Владата на Република Северна Макеоднија.

Овие работилници се фасилитирани од извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска и програмската координаторка на ЦУП Искра Белчева Ристовска, со поддршка од правниот експерт Југослав Ѓоргиевски а главни учесници се претставници од Генералниот секретаријатна Владата. 

Во следниот период ЦУП ќе продолжи со одржување на работилници за темелно, квалитетно и системско унапредување на Деловникот на Владата.  

Работилницата е организирана во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“ кој е спроведен од ЦУП во соработка со Владата а со поддршка од Британската Амбасада во Скопје. 

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk