Следење на административната правда | ЦУП
Сподели

Следење на административната правда

Проектот го следи и набљудува спроведувањето на законските одредби за ефикасна и професионална државна и јавна администрација. Следењето во глобала ги опфаќа процедурите и постапките за вработување и вклучува селективност во пристапот, политички влијанија, оценувањето на вработените, како и можностите за напредување и професионален развој и многу други системи и состојби кои се важни за работењето. На институционално ниво, се набљудува обемот и ефикасноста на државната администрација како и нејзината крајна цел да одговори на потребите на граѓаните со соодветни услуги. Се нудат решенија и препораки за надминување на проблемите кои биле идентификувани.

Период 01.08.2016 - 31.03.2018

Донатор: Британска амбасада Скопје

Краен корисник на проектот: Национални и локални институции, вработени во администрацијата и граѓани

Главна цел:

Проектот ќе отвори една поширока јавна дебата, ќе ја подигне свесноста за значењето на ефикасноста и ефективноста на државната и јавната администрација во служба на граѓаните и ќе придонесе за воспоставување подобри и поефикасни практики во државната и јавната администрација.

Очекувани резултати:

  • Утврдување на реалните состојби во администрацијата и идентификување на критичните точки за поефикасно и поефективно работење;
  • Следење на утврдените состојби и разгледување во однос на различни системи за ефикасност како вработување, изведување на работата, напредување и кариерен развој, мобилност итн.;
  • Донесување соодветни препораки и решенија – нови предлог мерки, нови процедури, соодветни протоколи за работа, одлуки или правилници кои ќе ја унапредат работата на државната и јавната администрација.

Проектот е поддржан од Британска амбасада Скопје



Публикации од проектот

Галерија на проектот

Анализа и дебата за избрани и именувани лица

Инфографици - здравствена заштита

Инфографици - социјална заштита

Конференција за здравствени и социјални услуги

Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен

Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Анализа на управно судската заштита во работата на управниот суд

Анализа на управно судската заштита во работата на вишиот управен суд

Стручна дебата за управно-правната помош и заштита на граѓаните

Управни постапки и барања до администрацијата

Жалбени постапки

Тужби од граѓаните

Трошоци во текот на управните постапки

Упатство за излез од лавиринтот на административната постапка

Конференција - Ефикасност на државната и јавната администрација

Видео

Институции со 1 вработен кого го раководат 11 лица - 1 директор и 10 членови на управен и надзорен одбор

Телевизиски прилог емитуван во рамките на емисијата 360 степени на Телевизијата Алсат-М инспириран од анализата која ја спроведе Центарот за управување со промени за избраните и именуваните лица во Република Македонија.

Владини назначувања ја преплавија државната администрација

Телевизиски прилог на Топ Тема на ваша страна за резултатите од обемната анализа која ја спроведе Центарот за управување со промени за избраните и именуваните лица во Република Македонија. 

 

Топ тема на Ваша страна: Колку чинат државните Управни и Надзорни одбори?

Дебатна емисија Топ Тема на ваша страна за управните и надзорните одбори предизвикана од анализата на Центарот за управување со промени за избраните и именувани лица.

Податоците од истражувањето во емисијата ги претстави извршниот директор на ЦУП, Неда Малеска Сачмароска додека во дебатата учествуваа и Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска.

Прилог на ТВ 21 за конференцијата за здравствени и социјални услуги

Незадоволство од квалитетот на здравствените и социјалните услуги -прилог на ТВ 21 за конференцијата за здравствени и социјални услуги, која се одржа во организација на ЦУП.

На конференцијата беа претставени резултатите од истражувањето на јавното мислење за здравствените и социјални услуги и се разгледуваа препораките за надминување на регистрираните недостатоци.

Прилог на Канал 5 Телевизија за конференцијата за здравствени и социјални услуги

Потребни се промени во здравствениот систем и социјалната заштита - прилог на Канал 5 ТВ за конференцијата за здравствени и социјални услуги, која во организација на ЦУП се одржа на 5-ти Април .

На конференцијата беа претставени резултатите од истражувањето на јавното мислење за социјалните и здравствени услуги и се разгледуваа препораките за надминување на регистрираните недостатоци.

Прилог на Алсат - М ТВ за конференцијата за здравствени и социјални услуги

Прилог на Алсат - М ТВ за конференцијата “Итни потреби и приоритети за унапредување на услугите во социјалната дејност и јавното здравство", која во организација на ЦУП се одржа во Четврток , 5-ти Април, во Хотел Мериот.

На конференцијата беа претставени резултатите од истражувањето на јавното мислење за социјалните и здравствени услуги и се разгледуваа препораките за надминување на регистрираните недостатоци.

Прилог на Телевизија Алсат-М за управно-правната заштита на граѓаните

Прилог на Телевизија Алсат-М за управните постапки, во кој се претставени наодите на истражувањето на Центарот за управување со промени за работата на второстепените комисии и управните судови. За управно-правната заштита говорат извршниот директор на ЦУП, Неда Малеска - Сачмароска и авторот на истражувањето, професорот Драган Гоцевски.

За проблемот со привремените вработувања во јавната администрација

Извршниот директор на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска, одговара на прашањето поставено до платформата Само Прашај, за проблемот со привремените вработувања во јавната администрација и на кој начин праксата на нивната трансформација во постојан работен однос го изигрува системот на вработувања според заслуга , кој треба да се применува во јавниот сектор. 

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии во соработка со Центарот за управување со промени.

 

Ставовите и мислењата на граѓаните за јавната администрација се најважни

Државната и јавната администрација треба да биде сервис на граѓаните и на бизнис секторот. Гордана Стефковска Вељановска проектен менаџер на проектот Административна правда објаснува каква е состојвата во Македонија по ова прашање. 

Изјава за медиумите: Ефикасност на државната и јавната администрација

На 29-ти март во хотел Александар Палас се одржа националната средба на тема: Ефикасност на државната и јавната администрација – со работен наслов – вработувањата во администрацијата.

Во рамките на настанот беа презентирани два извештаи, од кои едниот се однесува на обемот на администрацијата, анализиран од различни аспекти. Вториот извештај се однесува на перцепциите и мислењата на граѓаните во однос на големината и ефикасноста на државната и јавната администрација и е добиен со теренско истражување на репрезентативен примерок.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk