Основната задача и цел на јавната администрација е да биде сервис на граѓаните во процесот на остварувањето на нивните права. За да се оствари основната задача и целта, вработените во јавната администрација следат одредени принципи во своето работење. Овие принципи повлекуваат соодветни обврски и одговорности на вработените во јавната администрација, како и загарантирани права и создавање соодветни услови за работа на вработените во јавната администрација.