Оваа анализа дава краток преглед на тоа како нашата земја и владата се справија и се прилагодија на барањата и притисоците предизвикани од кризата во три главни области:
- Финансирање на КОВИД-19 и трошење - Анализа на политиките и мерките што Владата на Република Северна Македонија ги презеде и сè уште ги презема, преку усогласени и меѓусебно поврзани чекори што ја одржуваат економската активност и не дозволуваат кризата да добие интензитет и на тој начин да доведе до целосен колапс на економијата. Ова ќе се види преку анализа на реализираните дополнителни буџети за 2020 година и планираниот буџет за 2021 година. Бидејќи само транспарентен, достапен и точен буџет им овозможува на граѓаните да учествуваат во распределбата на ресурсите и креирањето политики;
- Анализа на макроекономски варијабли - Во овој краток извештај, ќе видиме до кој степен Владата на Република Северна Македонија успеа во своите намери преку политиките и рестриктивните мерки што ги презеде за да се спречи ширењето на вирусот и истовремено да се одржи макроекономската стабилност, инклузивен раст и вработување со цел да се спречи колапсот на економијата. Ова ќе се види преку реализираните макроекономски перформанси на земјата за изминатиот период од 2020 година и првиот квартал од 2021 година;
- Владини политики преземени во приватниот и граѓанскиот сектор - Покрај тоа, анализата е структурирана да се фокусира и на пазарот и деловниот сектор кои се силно погодени од пандемијата COVID-19. Во рамките на овој сектор, се испитува релативната важност на секој сегмент, влијанието на КОВИД-19, ограничувањата, одговорите на деловните субјекти и граѓанскиот сектор на влијанието и потенцијалите за надминување на проблемите и ограничувањата и за поттикнување на економското закрепнување. Дополнително, преку анализата на мерките на Владата и институциите, ќе видиме колку тие успеаја да им помогнат на компаниите и организациите да преживеат и да се справат со кризата со која се соочуваат и која стана нивно секојдневие.