Истражувања
Посветеноста на вработените во социјалната администрација
Автор: Неда Малеска Сачмароска
година: 2018
Јавната администрација во сите делови од светот, па и кај нас, се соочува со постојани притисоци и предизвици да иновира и да ја подобрува својата ефективност и ефикасност. Ова го прави преку изнаоѓање на нови начини за подобрување на квалитетот во работењето, вклучувајќи ги и начините како да создаде визија за промените кои треба да се остварат, постојано унапредување на кадарот и подобрување на мотивацијата на вработените. Токуму работната посветеност/ангажираност и мотивациските фактори кои неа ја сочинуваат беа инспирација за ова емпириско истражување, спроведено во администрацијата на Република Македонија кое се обиде да ја поткрепи со аргументи тезата, дека посветеноста на вработените во социјалната админстрација е еден од клучните услови за поефективна социјална политика. Тезата поаѓа од постулатот дека унапредувањето на секој од овие мотивациски фактори е витално за напредокот на социјалната администрација и е услов за поефективни социјални политики. Во интерпретацијата на резултатите, тезата се осврнува на влијанието на секој од факторите кои го сочинуваат вкупниот индекс на работна посветеност, ги согледува клучните проблеми со кои се соочуваат вработените во социјалната администрација и предлага мерки за нивно надминување, во насока на подобрување на посветеноста на вработените во социјалната администрација, а со тоа и во ефективноста на социјалните политики во целина.
Слични публикации
Стручен коментар и предлози за нацрт-законите кои го уредуваат вработувањето во јавниот сектор, објавени на ЕНЕР на 27.12.2024
Проекција на импликациите од член 11 од законот за плата и други надоместоци на пратениците и другите избрани и именувани лица










