На 29 Март 2017 година (среда), во хотелот Александар Палас, „Центарот за управување со промени – ЦУП” одржа „Национална средба на тема: Ефикасност на државната и јавната администрација – аспект на вработувањето во државните и јавните служби” oд проектот „Следење на административната правда“, поддржан од Британска амбасада Скопје.
Целта на настанот беше презентирање на проектот „Следење на административната правда“ како и преглед на наодите од спроведената теренска анкета – перцепција за вработувањата во државната и јавната администрација.
На настанот се обрати и г. Пол Едвардс, Заменик Амбасадор на Обединетото Кралство во Република Македонија, кој што истакна дека граѓаните мора да го добијат она за што тие плаќаат.
Прегледот на наоди и податоци за обем и опсег на вработувањата во државната и јавната администрација во РМ го опфати професорот на Правниот Факултет „Јустинијан Први” во Скопје, д-р Драган Гоцевски кој што забележа дека: „порастот на кривата на надворешениот долг и порастот на кривата на вработувањата во јавната администрација се поклопуваат”, како и тоа дека „.. 83 проценти од буџетот на јавното здравство, оди само на плати”.
Прегледот на реформите во администрацијата и следните предизвици го опфати г. Методија Димовски, опфаќајки ги стратегиите за реформи во јавната администрација од 1999 година, како и последната од 2010 година.
Извршната директорка на „Центарот за управување со промени – ЦУП”, г-ѓа Неда Малеска – Сачмароска ги презентираше наодите од спроведената теренска анкета – перцепција за вработувањата во државната и јавната администрација, која забележа дека скоро 80 проценти од граѓаните не одобруваат партиски вработувања, но дека доколку немаат избор, истите би прифатиле вработување со партиска книшка.
За мнозинството граѓани (68,6%) најпривлечен сектор за работа во Р.Македонија останува јавниот сектор, додека процентот на граѓаните кои ја истакнале дека најпосакуван е приватниот сектор - економијата изнесува 22,8%.
Повеќе за проектот „Следење на административната правда“ може да прочитате овде, додека пак истражувањата се достапни подолу:
1. Следење на административната правда
2. Како до административната правда?
3. Колкав и каков јавен сектор имаме во Република Македонија (РМ) ?
Можете истите публикации на албански јазик да ги најдете тука:
1. Monitorim i drejtësisë administrative
2. Si të arrihet deri te drejtësia administrative?
3. Sa është i madh dhe çfarë sektori publik kemi në republikën e maqedonisë (rm)?
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024