Оваа публикација ќе ги сподели трудовите на авторите презентирани на Конференцијата за подобрување на ефикасноста на јавната администрација: Тековни искуства и идни перспективи, што се одржа на 09-10 септември 2015 година во Белград. Конференцијата беше организирана во рамките на проектот „Ревизија на успешност и проценка на политиката: на исти или паралелни патеки?“ што го спроведуваат организации-членки на мрежата за размислување за Европа (TEN). На конференцијата се собраа претставници на државни институции, креатори на политики, практичари од областа на јавната администрација, истражувачи од граѓанското општество и академијата, како и претставници на меѓународни организации, кои доаѓаат од Западен Балкан, како и од земјите членки на ЕУ. Целта на конференцијата беше да се придонесе за подобро разбирање на релевантноста на управувањето со успешноста во јавната администрација, како и да се стави ревизија на успешност и проценка на политиката на агендите на политики во регионот, со посебен фокус на Македонија, Црна Гора и Србија.