Со цел утврдување дали постои конзистентност на политиките за управување со човечките ресурси во целиот јавен сектор, направена е анализа на позначајните посебни закони со кои се регулираат јавните услуги, во деловите кои се однесуваат на основните прашања поврзани со човечките ресурси (вработување, унапредување, дисциплинска одговорност, оценување, правна заштита) и направена е споредба со начинот на кој овие прашања се регулирани со посебните закони и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници. Согласно член 49 од преодните и завршни одредби од Законот за вработените во јавниот сектор, законите кои уредуваат прашања кои се предмет на уредување на овој Закон, ќе се усогласат со одредбите од овој Закон, најдоцна девет месеци од денот на влегувањето во сила на овој Закон. Правна анализа за усогласеноста на законите од областа на јавната администрација и јавните услуги во некои клучни сектори. Во однос на законите кои се предмет на оваа анализа, се започнува со двата основни закони кои ја регулираат областа најавната администрација и јавните услуги. Понатаму се анализира и проблемски се поставува нивната примена во секоја од областите на јавен интерес како што се социјалата, здравствените услуги, детската заштита, потоа областите на образованието, културата, како и делот на регулирање на работата на јавните претпријатија. Дополнително се разгледува и усогласеноста во уредувањето на овие два прописи со Законот за работните односи, како и со Законот за евиденција на работното време во дел од секторите поврзани со јавните услуги.