На 25.08.2023 година, тимот на ЦУП продолжи со работилниците за подобрување на одредбите од Деловникот на Владата на Република Северна Македонија.
На работилницата, која беше фасилитирана од извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска и програмската коориднаторка на ЦУП Искра Белчева Ристовска, се развиваа низа предлог решенија за подобрување на Деловникот на Владата врз осова на проблемската анализа изработена на претходната работилница.
Предлог решенијата беа насочени кон зајакнување на ефискансоста на работењето на Владата, транспарентноста и отчетноста. За потребите на процесот на унапредување на Деловникот, ЦУП изработи споредебан анализа на начините на уредување на Деловниците на Владите во неколку европски држави како и споредбена анализа за начините на регулирање на стартешкото планирање, кои беа презентирани од проектната координаторка во ЦУП Нада Димитриевска.
На работилницата активно учествуваа претставници од Генералниот Секретаријат кои проактивно
Во следниот период ЦУП ќе продолжи со одржување на работилници за темелно, квалитетно и системско унапредување на Деловникот на Владата.
Работилницата е организирана во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“ кој е спроведен од ЦУП во соработка со Владата а со поддршка од Британската Амбасада во Скопје.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024