Истражувања
Е-транспарентност: Што сакаат да знаат граѓаните од локалните самоуправи
Автор: Неда Малеска Сачмароска, Мемет Мемети, Мартин Тодевски, Даниела Андреска
година: 2016
Учеството на граѓаните во креирањето на локалните политики и можноста да влијаат во обликувањето и подобрувањето на одлуките кои имаат директно влијание на квалитетот на живеењето во локалната заедница се клучни предуслови за демократско управување на локално ниво. Истражувањето има цел да иницира понатамошна расправа на оваа тема и да придонесе кон подобрување на вклученоста на граѓанското општество во креирањето на јавното мислење, локалните политики и донесувањето на одлуки преку промоција на стандардите за отворена власт и отворени податоци.










